Мноугмина уживаат во шармот на онлајн купувањето – нарачката се завршува со неколку кликања, а единствено што останува е да се почека пакетот да пристигне. Потоа доаѓа забавниот дел: распакување.
Но, со сè повеќе случаи на клиенти кои наоѓаат несакани гости како скорпии и лебарки во нивните пакети, многумина препорачуваат пакетите да се отвораат надвор од домот и да се чуваат подалеку од места како кревети, трпезариски маси и шанкови во кујната.
Видеото собра над 800.000 прегледи
Токму тоа го советува вработена во "Amazon", која објави видео за тоа на "TikTok" со повеќе од 800.000 прегледи. Во описот на видеото, таа вели: „Како некој што работи во "Amazon", ве молам престанете да ги ставате пакетите на вашиот кревет или кујнски шанкови“.
Причината зошто таа го советува ова е поради нечистотијата што може да се пренесе од пакетот на оние места во домот што повеќето луѓе сакаат да ги одржуваат чисти затоа што спијат на нив или подготвуваат храна. Во видеото таа покажа колку нејзината нова, чиста маичка се извалка уште во првиот час од работата за да илустрира колку всушност се валкани пакетите.
Нејзиното видео собра тони коментари. „Работам во "Amazon" и свесен сум колку е валкан целиот процес, но сепак ги ставам пакетите на кревет“, „Работам во "FedEx" и не можам ни да опишам како валканите пакети и кутии ја валкаат мојата кошула“, „Не ставајте пакети на креветот и секогаш перете ги алиштата пред да ги облечете“, „Еднаш бубачките од пакетот ми се најдоа на креветот, па никогаш повеќе не го правам тоа“.
Според истражувањето, пакетот може да содржи шест пати повеќе бактерии од тоалетната школка
Според "Daily Dot", валканите пакети не се проблем само на "Amazon". Според студијата од октомври 2022 година на компанијата за софтвер за испорака "Circuit", „пакетот за малопродажба содржи шест пати повеќе бактерии од тоалетната школка“.
И покрај тоа, отворањето пакети во затворени простории е доста вообичаено – повеќе од половина од испитаниците признале дека ги отвориле своите пакети на креветите или трпезариските маси, додека помалку од една третина од нив ги отвориле пакетите надвор.