[ВИДЕО] Прочитала урнебесна апликација за работа: „Еве зошто не можете да се вработите, ништо полошо не сме добиле“

Точка

29/10/2024

11:54

1.593

Големина на фонт

а а а

Успешната бизнисменка Џејн Лу од Австралија објавила видео на „ТикТок“ и предизвикала лавина коментари. Одлучила да покаже мејл кој го добила од момче кое било заинтересирано за работа.

Станува збор за апликацијата испратена од Бенџамин, кандидат кој припаѓа на генерацијата Z. Ја опишала како најлошата која некогаш ја добила.

„Уверен сум дека моето искуство во [релевантно искуство/вештина] …“

Во видеото на „TikTok“ кое собрало повеќе од 55.000 прегледи, Џејн ја покажала апликацијата за позиција асистент на нејзиниот бизнис курс. Таа забележала голем број на грешки и сфатила дека кандидатот едноставно ја копирал молбата креирана преку „ChatGPT“.


„Уверен сум дека моето искуство во [релевантното искуство/вештина] ме позиционира како силен кандидат“, наведено било во пријавата, додека молбата за работа вклучува дел кој гласи „ова е посредена и појасна верзија на вашата молба за работа“.

„Ова е причината зошто генерацијата З не може да се вработи“

„Копирал и дополнил малку. Го сакам „ChatGPT“, но треба малку да го вклучите и мозокот“, вели таа во видеото, додавајќи дека оваа молба е „нешто најлошо и најсмешно досега“.

„Ајде Бенџамин, можеш подобро“, „Се надевам дека по грешка ја испрати првата верзија, но не сум толку сигурен“, „Генерацијата З повеќе не се ни труди“, „Ова е причината зошто генерацијата З не може да се вработи“, се само дел од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг