Американските власти го предупредија Маск за давање 1 милион долари дневно на поддржувачите на Трамп: Можно е кршење на федералниот изборен закон

Точка

24/10/2024

11:15

346

Големина на фонт

а а а

Илон Маск беше предупреден дека со давање милион долари дневно, можеби ги прекршува американските федерални изборни закони.

Американското Министерство за правда го предупреди Илон Маск дека давањето по еден милион долари дневно на случајно извлечен гласач во седум неодредени држави може да биде кршење на федералниот изборен закон, пренесува Си-Ен-Ен.

Маск, кој ја поддржува кампањата на поранешниот претседател Доналд Трамп со милиони долари, минатата недела објави дека неговиот политички акционен комитет ќе наградува по еден гласач со 1 милион долари секој ден во државите кои традиционално не се ниту за демократите, ниту за републиканците.

Тоа веднаш предизвика загриженост кај експертите за изборно право и некои државни функционери, кои се сомневаа дали тоа е спротивно на законот.


Федералниот закон забранува да им се плаќа на луѓето да се регистрираат за гласање, а Маск нуди награда од 1 милион долари на луѓето избрани по случаен избор, доколку прво ја потпишат неговата петиција за поддршка на слободите на првиот и вториот амандман.

Ова не би било спорно, доколку условот за потпишување на петицијата не беше претходна регистрација за гласање во една од седумте неопределени држави.

Сакаме да се обидеме да натераме над милион, а можеби и два милиони гласачи во тие седум држави да потпишат петиција за поддршка на Првиот и вториот амандман, рече Маск во објавувањето на наградната игра.


Откако гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро го обвини Маск дека на овој начин „плаќа на републиканците да се регистрираат“, тој одговори дека победниците „може да бидат од која било политичка партија или од ниедна политичка партија и не мора ни да гласаат“.

Пред два дена, комитетот на Маск ја преформулира својата порака за наградната игра, велејќи дека тоа е плаќање за работа. Во објавите на социјалните мрежи, беше наведено дека победниците „ќе заработат 1 милион долари како портпароли на Америка PAC“.


Сепак, неколку експерти за изборно право изјавија за Си-Ен-Ен дека ситните букви на веб-страницата на Маск America PAC не ги промениле официјалните барања за учество во лотаријата. Само потписниците на петицијата можат да ја добијат наградата од 1 милион долари, а потписниците „мора да бидат регистрирани гласачи во Аризона, Мичиген, Џорџија, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија или Висконсин“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг