Нејмар се смири со Бруна Бјанкарди, девојката која ја изневери дури 92 пати

Точка

22/10/2024

15:49

1.659

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот фудбалер Нејмар повторно е во врска со манекенката Бруна Бјанкарди, девојката која ја изневерувал дури 92 пати.

Бруна, позната како инфлуенсерка и манекенка, се најде во тешка ситуација кога се откри дека Нејмар ја изневерувал додека таа била бремена. Парот потоа во октомври минатата година ја доби ќерката Меви.


Меѓутоа, тие неодамна објавија низа фотографии на социјалните мрежи, на кои ја покажаа среќата и љубовта што ги поврзува, а очигледно е дека двајцата решиле да продолжат понатаму.

По тешката повреда која го оддалечи од терените речиси една година, Нејмар одлучи повторно да го освои срцето на својата поранешна партнерка. Иако нивната врска беше на „стаклени нозе“ поради неговото неверство, се чини дека Бруна решила да ги затвори очите и да му даде уште една шанса.

Потсетуваме, бразилскиот весник „Correio Brasiliense“ ја објави шокантната вест за нивното наводно раскинување, тврдејќи дека Бразилецот ја изневерил дури 92 пати. Исто така, минатата година до медиумите стигна информација дека парот имал бизарен договор според кој Нејмар имал дозвола да ја изневерува.

Инаку, имотот на Бруна Бјанкарди се проценува на речиси два милиони долари. Тие се запознаа во 2020 година, а набрзо стапија во врска, меѓутоа на почетокот го криеја нивниот однос од јавноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг