Карагер изненаден од повратникот во стартниот тим на Јунајтед: Почнува да личи на играч

Дерби

22/10/2024

13:14

1.574

Големина на фонт

а а а

Поради повредата на мускулот, Расмус Хојлунд го загуби стартното место во Манчестер Јунајтед и беше постепено дозиран од Ерик Тен Хаг, но веќе на последните неколку меча се најде во почетните 11 и со прикажаните последни перформанси, тешко дека ќе биде заменет од Џошуа Зиркзе.

Данскиот фудбалер беше најскапо летно засилување на Јунајтед пред една година, па иако засега не ги оправда очекувањата, јасно е дека Расмус поседува огромен потенцијал кој може само да се надогради со искуство на теренот.

Хојлунд постигна шмекерски гол за победа против Брентфорд и го постигна првиот погодок во Премиер лигата оваа сезона, со надеж дека истиот ќе биде еден од многуте до крајот на шампионатот.

Ерик Тен Хаг на мечот против Брентфорд ги измеша картите во нападот и реши десно од Хојлунд да го постави Маркус Рашфорд, додека на левата напаѓачка позиција се најде Алехандро Гарначо. Овој рецепт се покажа како добитен за „ѓаволите“, а Џејми Карагер го советува Холанѓанецот да продолжи со истиот распоред во нападот.

– Полека но сигурно, Хојлунд полека наликува на играч. Бев навистина импресиониран од него на мечот со Порто, а сега го потврди тоа и против Брентфорд. Има голем талент во напаѓачката тројка на Јунајтед, но сите гледаат во оној кој го постигнува победничкиот гол.

– Хојлунд беше доведен за тоа и тоа му е работа. Од друга страна, сите велиме дека Маркус Рашфорд е најдобар на левата страна, но според мене, најдобриот меч го одигра сега против Брентфорд кога играше десно. Гарначо беше на левата страна и постигна одличен гол. Таа комбинација можеби треба да се задржи за периодот кој следи, – смета Џејми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг