Шпанците ги открија советите кои му ги поделил Мбапе на Винисиус: Шутирај, не чекај…

Дерби

22/10/2024

11:14

403

Големина на фонт

а а а

Винисиус Жуниор успеа да го разлути Џуд Белингам со своите себични акции на натпреварот на „Балаидос“, но Англичанецот не бил единствениот кои имал одредени забелешки за играта на Бразилецот.

Шпанските медиуми сега ги споделија и конверзациите кои ги имале Килијан Мбапе и Вини за време на натперварот, кои ни обелоденуваат дека Французинот имал еден јасен совет за својот колега од нападот.

– Шутирај, нема потреба да чекаш со лажен потег. Ако чекаш, не можеш да ја завршиш акцијата…. Шутирај….., – му порачал Мбапе на Винисиус, по што му се обратил и на паузата меѓу двете полувремиња.

– Гледаш што се случува кога шутираш? Неверојатно……, – вели Мбапе, алудирајќи на својот атрактивен гол во второто полувреме.

Шпанските емисии ни открија дека Вини навистина добро ги прифатил ваквите зборови од Килијан и немал ниту една лоша гримаса, па конверзацијата ја завршуваат со следната фраза:

– Да дадеме втор гол и ќе биде добро…….

За да биде уште поинтересно, вториот гол навистина беше победнички, а истиот беше дело на Вини по додавање од Лука Модриќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг