Галетановски: Смртоносна бактерија е најдена во скопската зоолошка, сите што ја посетиле деновиве да се проверат

Макфакс

19/10/2024

13:28

2.431

Големина на фонт

а а а

Смртоносна бактерија „птичји грип“ е најдена во зоолошка градина Скопје, објави поранешниот директор, Ѓорѓи Галетановски.

Во објавата тој вели дека во моментов Зоолошка е затворена, посетителите се евакуирани, а инспектори се веќе влезени.

Смртоносна бактерија "птичји грип" е најдена во зоолошка градина Скопје"

Во моментов Зоолошка е затворена посетителите...

Posted by Gjorgi Galetanovski on Saturday, October 19, 2024

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков во свој пост на Фејсбук пишува: „Скопје ЗОО од утрово е затворена за посетители! Истото тоа е по налог на Агенцијата за храна и ветеринарство под сомнение за опасни вируси! Во моментов инспектори и доктори по ветерина се внатре со скафандери и работат на утврдувањето. Повеќе детали официјално чекаме од АХВ и Град Скопје“.

Официјално !

Скопје ЗОО од утрово е ЗАТВОРЕНА ЗА ПОСЕТИТЕЛИ!

Истото тоа е по налог на Агенцијата за храна и...

Posted by Stefan Kirkov on Saturday, October 19, 2024

Засега нема официјално соопштение од Скопје ЗОО дали ваквите наводи кои се споделуваат на социјалните мрежи се точни.

Повеќе детали наскоро…



Спонзорирани линкови

Маркетинг