Објавени снимки од случувањата во ЗОО Скопје: Убиените птици завршија во канти за ѓубре

Точка

19/10/2024

19:33

1.580

Големина на фонт

а а а

Зоолошката градина во Скопје ќе биде затворена во следните три недели, односно 21 ден.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство, се огласија по повод случувањата во Зоолошката градина кога биле убиени птици, поради тоа што се појавил случај на птичји грип кај гуска.

По угинување на една гуска лоцирана во езерцето во Зоолошка градина Скопје и поставен сомнеж за болеста Авијарна инфлуенца (Птичји грип), по лабораториско тестирање на угинатата птица, со лабораториски резултат од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, од 18.10.2024 година, потврден случај на присуство на виосокопатоген сој на вирусот на Птичји грип H5N1.

Забранет е влез и излез на животни од зоолошката градина,ограничено е движењето на луѓе (посетители) во зоолошката градина, наредени се мерки за дезинфекција, испитување на другите птици присутни во зоолошката градина за присуство на вирусот на Птичји грип, зголемување на биосигурносните мерки и други мерки, со цел сузбивање на болеста и спречување на нејзино ширења надвор од зоолошката градина кај животните и кај луѓето. Мерките ќе бидат на сила 21 ден почнувајќи од денес за кој временски период и зоолошката градина ќе биде затворена за посетители, стои во соопштението..

До медиумите беа испратени видеа на кои се гледа како вработени во АХВ со заштитни одела ги фаќаат и ловат птиците во ЗОО.



Спонзорирани линкови

Маркетинг