[ФОТО] Околу 2.000 мистериозни црни топки фрлени од морето кај Сиднеј: Сега е откриено за што станува збор

Точка

19/10/2024

10:50

3.931

Големина на фонт

а а а

Плажите во Сиднеј повторно беа отворени за капачите во саботата, откако властите отстранија илјадници црни топки со од брегот, за кои тестовите покажаа дека се предизвикани од хемикалии слични на оние кои се наоѓаат во козметиката и производите за чистење.

Околу 2.000 мистериозни црни топки, некои со големина на топчиња за голф, беа исфрлени покрај морето низ Сиднеј од вторникот, што предизвика затворање на осум плажи, вклучувајќи ја и популарната плажа Бонди. Поради стравот дека се многу отровни, започна голема акција за чистење.

„Врз основа на советите од Агенцијата за заштита на животната средина, сега можеме да потврдиме дека топките се состојат од масни киселини, хемикалии кои се конзистентни со оние кои се наоѓаат во производите за чистење и козметика и малку мазут“, рече извршниот директор за поморство во Нов Јужен велс, Марк Хутинг.


Тој додаде дека топчињата кои во петокот се појавија во помал број, не се штетни по здравјето кога ќе останат на песок, но не треба да се допираат.

Агенцијата за животна средина на Нов Јужен Велс соопшти дека лабораториските тестирања продолжуваат со цел да се утврди од каде потекнуваат топчињата.


„Сè уште не е јасно од каде доаѓаат и ќе ни требаат уште неколку дена да го утврдиме тоа“, рече извршниот директор на ЕПА, Стивен Биман.

Плажите во Сиднеј, познати по златниот песок и чистото море, привлекуваат туристи од целиот свет.




Спонзорирани линкови

Маркетинг