[ВИДЕО] Трамп збесна за време на митинг: „Нема да ја платам таа глупава компанија што ми го даде ова“

Точка

19/10/2024

12:00

2.402

Големина на фонт

а а а

Микрофонот на Доналд Трамп изгасна 18 минути за време на предизборниот настан во Детроит, Мичиген, што видно го вознемири републиканскиот претседателски кандидат!

На нешто повеќе од две недели до изборите во САД на 5 ноември, 78-годишникот се обраќаше на толпата и зборуваше за својата љубов кон клучната земја, кога му пукна микрофонот.


Тој чекореше горе-долу на сцената додека чекаше некој да го реши проблемот, изгледаше фрустрирано и повремено вртејќи го грбот кон поголемиот дел од публиката.

Додека не го слушнаа, толпата извикуваше „САД“ и „Го сакаме Трамп“. Трамп во еден момент зеде друг микрофон, но сепак не можеше да се слушне, што беше последната капка.


Само по речиси 20 минути помошниците успеаја да го заменат микрофонот на републиканскиот кандидат, a тој веднаш вети дека нема да ја плати „глупата компанија“ одговорна за неисправниот озвучување.

-Нема да ја платам сметката за оваа глупава фирма што ни го изнајми ова с*** и потоа ќе напишат дека не сум ја платил сметката. „Ова е најлошиот микрофон што сум го имал во животот“, рече Трамп откако беше обновен звукот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг