Влаховиќ е најплатен во Серија А, но работите во Европа се малку поинакви

Точка

18/10/2024

22:54

2.383

Големина на фонт

а а а

По стар обичај, римската „Corriere dello Sport“ излезе со список на најплатени играчи во Серија А, каде Душан Влаховиќ го зазема првото место!

Српскиот репрезентативец секоја година добива точно 12.000.000 евра од Јувентус.


Веднаш зад него е тандемот на Интер Лаутаро Мартинез – Николо Барела. Првиот заработува 9.000.000 евра со 2.000.000 евра бонуси, додека играчот од средниот ред има 6.500.000 евра плус дополнителни 500.000 евра преку бонуси.

Кога ќе ги ставиме платите во контекст на европскиот пазар и колку тимовите трошат на нив (зборуваме за бруто ниво – даноци, придонеси …), тоа е навистина шокантна листа.

Да тргнеме од тоа дека Френки де Јонг е на прво место?! Барселона на него годишно троши 37.500.000 евра. Нешто помалку за Роберт Левандовски, кој е втор на листата – 33.000.000 евра.


Следен е Килијан Мбапе, кој го чини Реал Мадрид 31.000.000 евра годишно. Влаховиќ е седми на оваа листа бидејќи го чини Јувентус 22.000.000 евра (12.000.000 евра чисти одат кај Душан).

Интересно е што Влаховиќ тука е пред имиња како Мохамед Салах, Мануел Нојер, Винисиус Жуниор, Бернардо Силва…