Дефанзивец е најбрзиот фудбалер во Премиер лигата

Дерби

18/10/2024

13:22

137

Големина на фонт

а а а

Се враќа клупскиот фудбал, а во Премиер лигата на програмата е 8.коло во кое најинтересен меч треба да биде оној на „Енфилд Роуд“ каде Ливерпул ќе го дочека составот на Челси.

Во пресрет на овој натпревар и останатите девет битки, имаме одговор на едно занимливо прашање околу тоа кои се најбрзите играчи во досегашниот тек на првенството.

На многумина кога ќе им се постави ова прашање можат да го споменат името на Кајл Вокер од Манчестер Сити, но тој во актуелнава кампања е далеку од врвот, играчите кои достигнале најголема брзина. Првата позиција е резервирана за членот на Тотенхем, Мики Ван Де Вен и неговата брзина од 37,1 километри на час.

Потоа следи Карлос Форбс од таборот на „волците“ со 36,6, па Антонио Еланга од Нотингем Форест (35,9). Првата петка ја комплетираа офанзивците на Манчестер Сити и Арсенал, Ерлинг Халанд (35.7) и Габриел Мартинели (35.6).



Спонзорирани линкови

Маркетинг