Кога во 16 век поради лошите временски услови и лошата жетва се појавила гладта во градот Триора, неговите жители одлучиле да го пронајдат виновникот за тоа и стасале до заклучок дека само вештерките можат да бидат причина за таква несреќа.
На северозападот од Италија, недалеку од Џенова, се наоѓа градот Триора, местото кое некогаш имало важна одбранбена функција, а денес привлекува голем број на посетители. Својата воена моќ Триора ја должеше на своите тврдини, а беше позната и по мелниците каде што некогаш се мелеле костени и пченката, а според тврдењата во градот постоеле дури 23 мелници. Триора исто така изобилува со преубави цркви со фрески и други уметнички дела.
Посетителите на градот можат да дознаат многу за неговото минато ви Етнографскиот музеј, којшто чува предмети поврзани за лигурската традиција, а доколку се одлучат да г следат трагите на неговото минато, ќе откријат зошто Триора честопати се нарекува град на вештерки.
Инквизиција во Триора
Кога во 16 век поради лошите временски услови и лошата жетва се појавила гладта во градот Триора, неговите жители одлучиле да го пронајдат виновникот за тоа и стасале до заклучок дека само вештерките можат да бидат причина за таква несреќа.
Притоа нивната мета биле сиромашните жени коишто ја познавале народната медицина и лековитите растенија. Инквизиторите во Триора собрале околу 20 жени, коишто физички ги малтретирале додека не признале дека се занимаваат со магија, при што разоткриле повеќе жени, главно од село како и едно момче.
Ловот на вештерки траел две години, имало многу мртви луѓе, а судењата се завршувале со затворски казни, а според одредени извори и со палење. Кон ловот на вештерки придонеле и караниците и огорченоста на семејството Триор, коишто си подметнувале лаги едни на други, кои резултирале со морничави судбини на девојките и жените. Историските траги на вештерките во Триора можат да се следат преку разгледување на предметите во музеите, но и во текот на фестивалот во август, кога со улиците владеат маскирани лица.
Идеален во есен
Доколку сакате фестивали и костени, тогаш ќе ви се допадне и Триора во октомври, кога се одржува „костенијадата“ во чест на костенот кој му помогнал на локалното население да преживее во тешки времиња.
Овој интересен град на северозападот од Италија со оглед на тоа дека се наоѓа во близина на планината во регионот Монте Сакарел, како и во близина на Лигурското море, привлекува бројни велосипедистите, планинарите и различни видови рекреативци.