[ФОТО] Сите зборуваат за она што вчеравечер го направија Кејт Мос и нејзината ќерка: Познатата мајка изгледа како „милион долари“, а еве дали нејзината ќерка е „непо бебе“ без покритие

Точка

16/10/2024

12:41

2.204

Големина на фонт

а а а

Кејт Мос синоќа на 50-годишна возраст стана ангел на „Викторија Сикрет“. Таа на ревијата на оваа модна куќа во Њујорк се појавила како големо изненадување, откако нејзината ќерка Лила Грејс Мос Хек (22) дебитирала како модел на контроверзниот бренд.

Славната Кејт Мос направила голем чекор во својата кариера, на прагот на шестата деценија и по низата блескави успеси. Многумина се прашуваа зошто досега не била во јатото на „Викторија Сикрет“, но не би било чудно причината да лежи во проблематичните критериуми по кои се бирале манекенки за кампањи и модни ревии.


Кејт Мос се претставила во црно модно издание и по којзнае кој пат триумфирала на пистата. Таа била меѓу неколкуте познати манекенки кои вчера учествуваа на модната ревија, како Ева Херцигова, Карла Бруни, Адријана Лима која приредила неверојатен настап, Тајра Бенкс, Дуцен Крос и Алесандра Амбросио.


Нејзината ќерка дебитирала во розов стајлинг на модното шоу на „Викторија Сикрет“. Лила спаѓа во групата „непо бебиња“, како што се нарекуваат децата на познатите, кои како и нивните родители избрале јавни професии, а ги критикуваат дека се прославиле благодарение на фактот што се деца на познати личности и по ништо друго.


Кога станува збор за ќерката на Кејт Мос, мислењата се поделени. Некои веруваат дека таа има потенцијал за мода, додека други сметаат дека треба да се занимава со нешто друго.

Познатата мајка и ќерка се појавиле заедно и во кампањата на „Фенди“ претходно оваа година, како и на насловната страница на „Вог“ во 2023 година.


„Не знам дали мајка ми очекуваше да се занимавам со мода, навистина – прилично сум срамежлива, како и неа, но сепак потполно ја поддржуваше секоја моја одлука. Сепак, не ми помогна околу одењето на пистата. Таа вели: ’Мораш да го почувствуваш тоа. Не знам што правам. Едноставно го правам!‘. Ѝ одговорив: ’Кул, одам уште малку да повежбам, па потоа … ‘“, пренесува „Page six“.


Кејт Мос чекорела со тактовите на песната „I Love Rock ’n‘ Roll“ од 1981 година, додека Ешли Грејем ја поддржала револуцијата на брендот.

Како вие го коментирате настапот на мајката и ќерката?




Спонзорирани линкови

Маркетинг