„Апокалиптика“ во Скопје за отворањето на 26. издание на „Таксират“

Точка

15/10/2024

16:15

531

Големина на фонт

а а а

26. издание на „Таксират“ ќе го отвори симфонискиот метал бенд „Апокалиптика“, уште пред осум месеци за македонската публика беше најавено од „Пасворд Продукција“.

Составот во рамките на својата светска турнеја „Apocalyptica Plays Metallica Vol. 2 Tour 2024“ ќе настапи на 29 ноември во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Станува збор за една од најжестоките светски лајв атракции, symphonic metal бендот „Apocalyptica“ доаѓа во Скопје за отворањето на 26. „Таксират Фестивал“!


Ова е нивната досега најатрактивна и најголема светска турнеја со наслов „Apocalyptica Plays Metallica Vol. 2“.

„Спојувајќи ја класичната музика со хеви метал како никој досега, бендот за кратко време стана светска атракција. Со оваа оригинална идеја и врвна интерпретација на најголемите хитови на ’Металика‘, момците од ’Апокалиптика‘ докажаа дека универзалниот јазик на одлична музика не познава жанровски ограничувања, а резултатот на тоа се и стотиците илјади продадени албуми, бројни турнеи и фанови ширум светот“, објаснуваат организаторите.

На нивните албуми гостувале:


Сандра Насич од „Гуано ејпс“, Дејв Ломбардо од „Слејер“, Виле Вало од „ХИМ“, Лаури Илонен од „Расмус“, Тил Линдеман од „Рамштајн“, Кори Тејлор од „Слипкнот“, Адам Гонтиер од „Три дејс грејс“, Гевин Росдејл од „Буш“ и многу други.

Годинава Таксират не слави ништо, но секогаш ни треба повод за добри концерти. Ова е само почеток!


Билети за настанот може да купите ТУКА.





Спонзорирани линкови

Маркетинг