[ФОТО] Клои Кардашијан ги сподели деталите околу нејзината борба со ракот на кожата: Лузната ја прекрила со филери

Точка

15/10/2024

17:23

1.254

Големина на фонт

а а а

На својот инстаграм профил, Клои Кардашиан сподели фотографии од нејзиното лице на коишто можат да се види како таа изгледала пред и по вбризгувањето на филерите. Та се одлучила за филери поради вдлабнатината на лицето која ѝ се појавила по направената операција.

Споделувајќи ги деталите со своите следбеници, таа на својот Инстаграм профил напиша: „Чекав девет месеци по операцијата да се справам со вдлабнатината на лицето. Сепак, не се жалам, бидејќи повеќе сакам да имам вдлабнатина на лицето отколку меланом“, вели Клои.


Клои за прв пат прозборе околу нејзиниот проблем во 2022 година кога објасни дека прво забележала мала грутка на лицето која не исчезнала и по седум месеци поради што одлучила да направи биопсија.


Клои исто така им порача на своите следбеници да одат на редовни лекарски прегледи за да не дојдат во иста ситуација како нејзината. „Никогаш не размислував за тоа дека би можела да дојдам во ситуација да имам рак на кожата“, напиша Клои на Инстаграм во 2023 година. Исто така таа тогаш кажа дека е среќна што на време го посетила лекарот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг