Виновни се ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, велат од СДСМ за европскиот извештај за јавниот превоз во Скопје

Макфакс

15/10/2024

14:43

208

Големина на фонт

а а а

Извештајот на Европската Комисија го потврди тоа што граѓаните на Скопје секојдневно го чувствуваат: јавниот превоз во Скопје е катастрофален, најлош во Европа, велат од СДСМ по извештајот што претходно беше објавен, а според којшто граѓаните на главниот град се меѓу најнезадоволните на европскиот континент од состојбата со автобусите.

Според опозициската СДСМ, локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска успеаја да го донесат Скопје на дното во Европа и во делот на транспортот и во секој можен поглед.

„Наместо да вложуваат во подобрување на услугите и модернизација, како што ветуваа, сведоци сме на епско потфрлање и тотален хаос во сообраќајот, што директно ги погодува жителите на Скопје. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ намерно не гласаа за набавка на нови автобуси, Владата не презема ништо. ВМРО-ДПМНЕ бездушно ги остави скопјани да се справуваат со хаосот секој ден, само заради тоа што им пропаднаа бизнис зделките со Арсовска. ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје, тие се најголемите виновници за катастрофата која што му се случува на јавниот превоз и на целиот град“, се вели во соопштението на СДСМ.

Извештајот на ниво на европските градови покажува дека само 47 отсто од жителите на Скопје се задоволни од јавниот превоз во градот. Помало е задоволството само во Никозија, Белград, Подгорица, Тирана и во Рим. Најмногу граѓани изразиле задоволство од јавниот превоз во европските метрополи Виена, Хелсинки, Осло, Прага и Луксембург.



Спонзорирани линкови

Маркетинг