Во Јабланица се одржа заедничка молитва за настраданите во поплавите

Макфакс

15/10/2024

17:02

216

Големина на фонт

а а а

Во харемот Јасен во Јабалница денеска се одржа заедничка погребна молитва за 19 жртви од неодамнешните катастрофални поплави и свлечишта во Јабланица и уште четири општини на Федерацијата Босна и Херцеговина.

Молитвата ја предводеше реису-л-улемата на Исламската заедница во Босна и Херцеговина, Хусеин Кавазовиќ, а погребот на жртвите ќе се изврши на локалните гробишта Доња Јабланица, Ѓевора и Злата.

Вкупно 26 лица загинаа во разорните поплави и лизгање на земјиштето што погодија делови од Босна и Херцеговина. Покрај 19 лица од Јабланица, четири лица загинаа од Коњице, а тројца од месноста Фојница.

Откако вчера беше пронајдено телото на последната жртва во Доња Јабланица, спасувачите ја продолжија потрагата по уште едно исчезнато лице во Коњиќ.

„Почитувани браќа и сестри, почитувани семејства. Секој говор е излишен. Се собравме да ги испратиме нашите браќа и сестри во подобар свет, ахирет. Иако тагата е длабока и разбивачка. Исто така, свесни сме дека Бог одлучува за нашите животи. Ние сме смртни луѓе. Ние се разликуваме само по начинот на кој го напуштаме овој свет. Оној што се удави е маченик“, рече шефот на ИЗ во Босна и Херцеговина.

На семејствата на жртвите им посака Алах да им даде трпение, за да го издржат ова искушение на најдобар можен начин.

На погребот во харемот Јасен присуствуваа голем број граѓани и претставници на исламските заедници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг