[ВИДЕО] „Готово е! Готово!“: Познатата баба Лилијан на бившиот му порача дека го преболела и тоа за само неколку дена!

Точка

15/10/2024

16:38

3.993

Големина на фонт

а а а

Снимајќи видео од домот за стари лица, бабата му рече на бившиот дека го преболела и тоа за само неколку дена!

Бабата Лилијан Доринак на 94 години е една од омилените инфлуенсери на социјалната мрежа Тик Ток. Нејзината отвореност за љубовниот живот и желбата да го најде вистинскиот воодушеви многу корисници, а овој пат се пожали дека раскинала.


Во домот за стари лица се разгорела романса, а потоа по раскинувањето решила да зборува за причините, но и да му каже дека веќе го надминала, бидејќи нема време за губење.



- Ова видео е за мојот поранешен. Ако не сте вие, продолжете да лизгате. Готово е! Готово! Те преболев, и тоа за само две недели. И ќе ти требаат години да ме преболиш. Со среќа. И гледај го ова. Те блокирам. Блокиран си. И престани да доаѓаш во мојот дом за стари лица. Забранет ти е пристапот. Ја имаат твојата слика на рецепција! И знаеш што, никогаш не ми се допаднаа овие обетки што ми ги купи. Знам, ова се лажни дијаманти. Мислиш дека сум глупава? Збогум! Не те сакам - му порача бабата.


Мрежите горат

Како и повеќето видеа на баба Лилијан, така и ова стана вирално, а насмеа голем број следачи, кои признаа дека се воодушевени од нејзиниот потег.

"Легендата ја диктираше листата на несакани гости на нејзиниот погреб. Таа проба облека за таа прилика. Ја обожавам, неуништлива е и страшно смешна", "Баба змеј", "А ние помладите изгледа немаме волја Веќе знаете што...“, напишале тие.