[ВИДЕО] Американската пејачка Оливија Родриго во текот на настапот пропадна во дупка на бината

Точка

15/10/2024

11:23

1.657

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка Оливија Родриго на неодамнешниот настап во Мелбурн, Австралија се соочи со непријатна ситуација кога пропадна во дупка на бината.


Додека трчаше да се поздрави со фановите, тргна кон средината на бината и падна во дупка која е наменета таа бргу да дојде и да замине од бината.

Но Оливија бргу се снајде и стана за да ги смири фановите и да им покаже дека е добро. Снимката од нејзиното паѓање бргу се прошири на социјалните мрежи, а на „Х“ има речиси четири милиони прегледи.

Обожавателите го коментираа нејзиното паѓање, а некои од нив велат дека бил забележан бизарен момент, додека други велат дека би плачеле и би останале во дупката доколку тоа им се случило ним.

Потсетуваме, оваа година Оливија Родриго имаше уште една непријатна ситуација на бината, кога во текот на настапот во Лондон ѝ се искина маичката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг