Рафаел Надал во текот на минатата седмица донесе одлука да ја заврши својата активна тениска кариера, одлука која секако донесе големи реакции во светот на белиот спорт.
За некого ова беше изненадување затоа што изгледаше како Рафа да остава простор и понатаму да продолжи да игра биде активен, но пак од друга страна последниве две години беа далеку од идеални за него, повредите го „изедоа“ и не можеше да биде свој, да го даде максумумот што по се изгледа беше и пресуден фактор да ја заврши приказната.
Низ кариерата Шпанецот оствари многу успеси, собори многу рекорди, а меѓу оние кои тешко ќе бидат надминати се остварените титули на Ролан Гарос. Рафа освои дури 14 пехари на Френч Опен, турнир на кој на последниот настап загуби од Александер Зверев кој имаше што да каже за соочувањата со бикот од Мајорка на оваа подлога.
-Тој станува поинаков за време на натпреварот. Неговата топка одеднаш добива брзина од неколку километри на час. И неговата работа со нозете и брзината на играта исто така. Многу потешко е да се дојде до винер, особено на стадионот „Филип Шатрије“, кој е огромен, па има многу повеќе простор. Многу е тешко. Веројатно најголемиот предизвик во тенисот е да се игра против Надал на тој терен.
-Се чувствувате како да не можете да го тргнете од теренот. Првиот сет во полуфиналето во 2022 година го опишува тоа совршенство. Практично го добив тој сет и безброј пати, како и против многу други играчи, некако успеав да го загубам во тај-брејкот.
-Имав 6:2 во тај-брејкот. Тој погоди ас за прв пат во цел натпревар. Потоа погоди еден од најлудите пасинг шотови што сум ги видел во животот. Се чувствувате како да победувате, а потоа не. Тоа можете да го почувствувате само против него на тој специфичен терен, -заклучи Германецот оствари 4 победи во 11 пресметки со Надал.