Бенжаман Менди се отвори во емотивно интервју за „Телеграф“ и се обиде да објасни зошто е незадоволен од Манчестер Сити како клуб, но при разговорот со угледниот медиум, откри и моменти кои досега беа непознати за јавноста.
Францускиот дефанзивец обелодени дека уште неколку играчи на Сити биле дел од неговите луди секс забави во кои се забавувале со девојки, па ако на таа тема не сакаше да открива идентитет на колегите, кога говореше за оние кои најмногу му помогнале во тешкиот процес, реши да ги именува трите големи ѕвезди.
Само за потсетување, Менди беше тешко обвинет од неколку девојки за силување и му се закануваше долгогодишен затвор, но на крајот сите тужби пропаднаа во вода и Бенжаман си замина од Англија како слободен човек.
Менди во моментов не може да се пофали дека доживува добри работи на спортски план како член на француски второлигаш (Лориен), но немаше проблем да ги посочи соиграчите од Сити кои најмногу му помогнале кога клубот реши да му ја „замрзне“ платата.
Во еден период имав сериозни финансиски потешкотии. Се борев за издршка на мојот син, се чувствувам ужасно. Рахим Стерлинг, Бернардо Силва и Ријад Марез ми позајмија пари и ми помогнаа. Тие ми овозможија да си ги платам моите правни трошоци и да си го издржувам семејството, – открива Менди.