[ВИДЕО] Сеул: Северна Кореја се подготвува да ги разнесе патиштата што ја минуваат милитаризираната граница со Јужна Кореја

Макфакс

14/10/2024

21:00

987

Големина на фонт

а а а

Северна Кореја се подготвува да ги разнесе патиштата што ја минуваат милитаризираната граница со Јужна Кореја, соопшти Сеул.

Севернокорејски војници се забележани како работат на патишта, изјави портпаролот на јужнокорејската војска, а се подготвуваат за детонација уште во понеделникот.

Поставија паравани на патиштата и работат зад тие паравани, подготвувајќи се да ги минираат патиштата – изјави Ли Сунг Јун, портпарол на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Уништувањето на патиштата би било во согласност со напорите на Ким Џонг Ун да ги прекине врските со Јужна Кореја и формално да ја воспостави како главен непријател на Пјонгјанг, пренесуваат светските медиуми.

Акцијата доаѓа откако Северна Кореја го обвини јужниот сосед дека трипати овој месец лансирала беспилотни летала над нејзиниот главен град за да фрли пропагандни летоци.

Северна Кореја им нареди на своите војници долж јужнокорејската граница да бидат подготвени да пукаат откако го обвини Сеул дека испраќа беспилотни летала во нејзиниот главен град Пјонгјанг, според написите.

Војската на земјата, според пренесеното, предупредуаа на „страшна катастрофа“ доколку беспилотните летала повторно се лоцираат и рече дека поставила артилериски единици со осум цевки на границата „подготвени да отворат оган“.


Според експертите, Северот најверојатно нема да изврши превентивен напад од целосен обем, бидејќи неговата војска е побројна од комбинираните сили на САД и Јужна Кореја.

Јужна Кореја одби да потврди дали ги испратила беспилотните летала, но предупреди дека ќе ја казни Северна Кореја доколку биде загрозена безбедноста на нејзините граѓани.

Официјални лица на југот тврдат дека Северот додава противтенковски бариери, поставува мини и ги зајакнува патиштата на својата страна од границата од почетокот на оваа година, во веројатен обид да ја зајакне безбедноста на фронтот и да ги спречи војниците и граѓаните од пребегнувањето.

Медиумите потсетуваат, по обвинувањата дека Јужна Кореја испратила дронови кон Пјонгјанг, Северна Кореја повторно испратила уште балони со ѓубре кон Јужна Кореја, објави јужнокорејската армија пред два дена, пренесува Танјуг.

Здружениот генералштаб на армијата на Јужна Кореја (ЈКС) објави дека Северна Кореја испратила околу 20 балони, од кои десетина паднале во пограничната област Червон во провинцијата Гангвон, пренесува агенцијата Јонхап.

Во соопштението на JCS се наведува дека во балоните имало отпад од домаќинствата, како отпадна хартија и пластика и дека не се откриени опасни материи, како и дека од мај годинава ова е 28-ми пат Северна Кореја да испраќа балони со ѓубре во Јужна Кореја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг