Новите истражувања велат: Кристифор Колумбо бил шпански Евреин

Точка

14/10/2024

21:18

4.266

Големина на фонт

а а а

Тимот шпански истражувачи ги објави резултатите од ДНК анализата на примероците пронајдени на местото каде, според мислењето на експертите е погребан Кристифор Колумбо.

Помеѓу научниците долго време траеше дебатата околу потеклото на Колумбо, кој во 15 век ја предводеше експедицијата која го откри патот од Европа кон Америка.


Иако се зборуваше дека Колумбо е роден во северозападна Италија, односно во градот Џенова, резултатите од ова истражување покажуваат дека Колумбо бил шпански Евреин.

Истражувачите предводени од форензичарот Мигел Лоренте тестираа мали примероци од остатоците погребани во катедралата во Севилја, коишто се означени како последно почивалиште на Колумбо, а тимот ги спореди овие примероци со оние од познатите роднини и потомци.


Истражувањето за националноста беше комплицирано поради бројни фактори, вклучувајќи ја големината на податоците, но Лоренте вели дека „исходот е речиси апсолутно доверлив“.

Колумбо починал на 55 годишна возраст во северозападниот, шпански град Ваљадолид во 1506 година, но изразил желба да биде погребан на островот Хиспаниола, којшто денес го споделуваат Доминиканската република и Хаити.


Неговите остатоци беа пренесени таму во 1542 година, а подоцна во 1795 година се префрлени во Куба, а исто така долго време се сметаше дека во Шпанија стасале во 1898 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг