Три симптоми поврзани со стапалата кои не смеете да ги игнорирате: Доколку ги забележите консултирајте се со лекар

Точка

14/10/2024

20:01

6.566

Големина на фонт

а а а

Промените на стапалата можат да укажуваат на сериозни здравствени состојби, а нивното рано препознавање е клучно.


Кардиоваскуларните болести ги одземаат животите на речиси 18 милиони луѓе ширум светот, а невообичаените симптоми поврзани со стапалата можат да укажуваат на нивно присуство. Американските експерти потенцираат на три клучни знаци кои можат да се забележат на стапалата и прстите.

Отекување на стапалата

Отекувањето на стапалата од прстите нагоре, може да биде еден од можните знаци на кардиоваскуларна болест.


Многу проблеми со срцето придонесуваат кон насобирање на течности во стапалата и потколениците што се манифестира како оток. Исто така експертите додаваат дека овој оток вообичаено е со послаб интензитет наутро, но може да се зголеми во текот на денот.

Болни плускавци на прстите

Црвени или виолетови плускавци на врвовите на прстите, коишто се нарекуваат ослерови нодули, можат да бидат знак на ендокардитис или бактериска инфекција на срцевиот залисток.


Инфекцијата мора соодветно да се лекува, поради што консултацијата со лекар е задолжителна, а плускавците можат да се појават и на дланките.

Синкави прсти

Кога сте настинати, намалениот проток на крвта или заситеноста од кислород можат да предизвикаат кожата, особено на екстремитетите како што се стапалата и рацете да стане сина или виолетова.


Но доколку ја забележите оваа бојна и кога ви е топло, тоа може да укажува на васкуларни проблеми.