Животната приказна на „ММА“ шампионот: Израснал во сиромаштија, единствен извор на светлина му била петролејската ламба: „Јадев еднаш дневно“

Точка

14/10/2024

18:49

9.468

Големина на фонт

а а а

Познатиот „ММА“ боксер Ренан Фереира, откри дека кога бил дете живеел во мала, дрвена куќичка која имала само една просторија, а која ја споделувал со седумте браќа и сестрите како и родителите, а единствениот извор на светлина им била петролејската ламба.

Тој на 19 октомври ќе се натпреварува со Францис Нгану којшто ќе дебитира во „PFL“ лигата.


Животната приказна на Фереира е тешка и импресивна

Фереира како и многумина бразилски спортски ѕвезди израснал во сиромаштија. Неговите родители не дозволувале децата да им останат без образование, така што Ренан и неговите браќа и сестри секој ден во четири часот наутро, со автобус оделе на училиште. „Најблискиот град беше 30 километри подалеку од местото каде што живеев, поради што морав во четири наутро да тргам на училиште. Кога врнеше дожд, автобусот не можеше да вози, така што тогаш не ни одев“, изјави Фереира.


Кога имал 15 години, семејството му се преселило во гратчето Порангату, каде покрај тоа што се школувал морал и да работи во фабрика.

„На 17 години отидов во Мато Гросо, каде работев во енергетска фабрика, а таму работев сè, од миење на подовите до поставување на метални столбови, имаше многу рачна работа“, додаде Ренан.

Фереира стана дел од „ММА“ на 22 годишна возраст, откако претходно тренирал „jiu jitsu“ во бесплатниот клуб во неговиот град, а неговиот тренер којшто бил промотор на еден „MMA“ настан, го поттикнал да се пријави на натпреварувањето и да стане дел од „MMA“.

Фереира е „убиец“ во рингот

Без никакво претходно искуство, Фереира го нокаутираше противникот за 43 секунди, а брзите нокаути се негово обележје. Од неговите последни четири противници, само Денис Голтсов ја преживеа првата рунда, а „Bellator“ шампионот Рајан Бадер, го нокаутираше по 21 секунда и му донесе победа на „PFL“.


По првата неговата победа, шефот во фабриката каде работел го поттикнал да се приклучи кон едниот од најпочитуваните „MMA“ кампови во Бразил, со којшто управува „ММА“ легендата Антонио Родриго Ногеира.

„Навечер работев четири часа како обезбедување за да заработам 30 реја за храна“


„Првите три месеци тренирав по цели денови и јадев еднаш дневно. Работев како обезбедување по четири часа навечер, само за да заработам по 30 реја за да можам да купувам храна“, вели Фереира.

„Имав волја“

„Единственото добро нешто кое го имав, беше волјата. Мислам дека со тоа го купив (Ногеира)“, додаде Ренан.


Во 2019 година тој се приклучи кон организацијата „LFA (Legacy Fighting Alliance)“ и за прв пат се бореше надвор од Бразил, а само година дена подоцна беше повикан од „PFL“. Во рамките на оваа организација тој имаше „огнена“ борба со Фабрис Вердум, којшто многумина го сметаат за еден од најдобрите „тешкаши“ на сите времиња.


Го победи Вердум уште во првата рунда

Фереира го нокаутираше Вердум уште во првата рунда, но победата подоцна му беше одземена, по прегледувањето на снимките кои покажале дека порано во текот на натпреварот тапкал. Откако се приклучил на „PFL“, доживеал само еден пораз од Анте Делија, а шампионската титула на „PFL“ ја освои против Голтсов на 24 ноември минатата година.


Инаку, Фереира вака го најави претстојниот натпревар со Нгану: „Тој ќе се соочи со проблем. Имам моќ да го нокаутирам, можам да се борам со него, можам да го срушам на подот и таму да го нокаутирам или да го принудам на



Спонзорирани линкови

Маркетинг