Тотенхем и Манчестер Јунајтед одиграа целосно луд четвртфинален натпревар во Лига Купот, дуел на кој до израз дојде ултра офанзивниот фудбал кој го негуваат двајцата менаџери.
Анге Постекоглу со својот отворен фудбал без нималку тактизирање повторно понуди фудбалски спектакл со седум гола, но за поздрав се и момците на Рубен Аморим кои не се откажаа и при негатива од 3:0.
Тотенхем на крајот славеше со 4:3 и се пласираше во полуфиналето во Лига Купот, а во првото интервју за „Скај Спортс“ се огласи и со една позната фраза од филмот „Гладијатор“.
– Зарем не се забавувавте?…….., – порача Постекоглу во стилот на Расел Кроу кој беше главна улога на филмот „Гладијатор“.
– Што сакате повеќе? Зарем сакатe скромни 1:0? Знам дека во студиото сега ќе има доста полемики за моите недостатоци околу тактиката, но знаете што, јас уживам во тоа што излегуваме да играме фудбал и да го победиме противникот.
– Иако имавме многу повредени играчи кои отсуствуваа како првиот голман и двајца стопери, играчите кои беа на теренот ги задржаа нашите принципи и го играа фудбалот кој треба да го играме, – изјави Постекоглу.
"Are you not entertained? I know the studio is probably going in a meltdown over my lack of tactics" 😅
— Sky Sports Football (@SkyFootball) December 19, 2024
Ange Postecoglou reacts after a Carabao Cup classic against Man United 🎙️ pic.twitter.com/cnR8aOXHw7