Американскиот атлетичар и олимписки шампион на 100 метри, Ноа Лајлс ја запроси својата девојка, некогашната светска шампионка Џунел Бромфилд.
Оваа вест Лајлс ја сподели на својот инстаграм профил, при што им се заблагодари на своите пријатели кои биле дел од овој особено важен момент за него.
Веридбата ја прославиле во кругот на најблиското семејство и пријателите со коишто решиле да ги споделат среќните мигови.
Инаку пред неколку месеци, Џунел зборуваше за заканите со кои се соочувала поради нејзината врска со Лајлс.
Имено, дваесет и шестгодишната освојувачка на златен медал од Токио, била вознемирувана на социјалните мрежи и нарекувана „продадена“ поради нејзината врска со Лајлс, а некои дури ѝ се заканувале со смрт. Лајлс тогаш одлучно застана во одбрана на својата девојка.
Потсетуваме, Ноа Лајлс е американски атлетичар, спринтер кој се натпреварува на трките од 100 и 200 метри. На светското првенство во Будимпешта во 2023 година, тој стана првиот човек по Усеин Болт кој остварил триумф во три спринтерски дисциплини на едно светско првенство.
Неговата вереница Џунел Бромфилд беше светска шампионка во штафетата 4×400 метри во 2022 година во Белград, а парот е во љубовна врска две години.