Џорџо Армани (90): „Планирам да се пензионирам за две или три години“

Точка

14/10/2024

15:48

23.515

Големина на фонт

а а а

Џорџо Армани основачот на истоимениот, италијански, моден бренд, во текот на интервјуто изјави дека планира да се пензионира за две или три години.

Армани има 90 години и досега не ги откриваше деталите околу плановите за наследство на неговата модна куќа, која тој ја основал во 1975 година и којашто цврсто ја контролира.


„Можам да си дадам уште две или три години на чело на компанијата. Не повеќе, тоа не би било добро“, изјави Армани за италијанскиот весник „Corriere della Sera“.

Кој ќе го наследи неговото царство?

Армани изјави дека се соочува со бурни ноќи во коишто сонува за иднината во која тој повеќе нема да биде оној кој ќе кажува „да“ или „не“ (кој ќе ги носи одлуките). Тој исто така додаде дека примил „поупорни“ предлози од потенцијални, надворешни инвеститори во неговата компанија, но се’ уште не ја донел својата одлука.

Со оглед на тоа дека Армани нема деца на коишто би можел да им ја остави копманијата во наследство, се шпекулираше за долгорочната иднина на царството Армани и дали, во индустријата во која доминираат луксузни конгломерати како што се „LVMH“ и „Kering“, ќе успее да ја задржи независноста која тој ја почитува.


Во интервју за „Corriere della Sera“, Армани изјави дека изградил „некој вид на структура, проекти и протоколи“ кои ќе управуваат со неговото наследство, притоа не откривајќи ги деталите.

Минатата година, „Ројтерс“ извести за нотарски документ, којшто ги поставува идните начела на управување за оние кои ќе ја наследат компанијата, како и за друг документ којшто детално ги опишува прашањата како што е заштитата на работните места во компанијата.


Меѓутоа, се очекува дека Џорџио ќе го наследат, неговата сестра, уште три членови на семејството кои работат во копманијата, долгогодишниот соработник и партнер Панталео Дел’Oрко, како и една добротворна фондација.