Изминатиот викенд, Скопје беше домаќин на второто издание на Skopje Tattoo Show, настан на кој се претставија над 50 познати тату-мајстори од Македонија и странство и голем број љубители на уметноста и тетовирањето.
Во два дена во Skopje Event Center, посетителите има ретка можност да бидат сведоци на вистинска магија на кожата. Светски признати тату уметници ги демонстрираа своите уникатни техники и стилови, претворајќи ја кожата во живо платно. Од реалистични портрети до апстрактни дизајни, секој уметник имаше можност да го покаже својот креативен потенцијал и вештина пред скопската публика.
Skopje Tattoo Show 2024 имаше и компетитивен карактер, и беа доделени награди за најдобрите тетоважи во повеќе различни категории. Покрај тетовирање, конвенцијата изобилуваше и со музички настапи, за кои се погрижија THCF, Fire Show, Sarah Mace, Mario Arsov, Oky Doky, Soul Case, Bazel, Mongo & Omaru, Vaso, Chvare, Shorty P, Flooder и Pole People.
Сите средства од продадени билети на годинашниот Skopje Tattoo Show ќе се донираат за организацијата Специјална олимпијада Македонија, која се грижи за лицата со пречки во развојот.
Комерцијален текст