Скандал во пресрет на квалификацискиот натпревар: Играчите 12 часа заглавени на аеродром без храна, дали се работи за одмазда?

Точка

14/10/2024

14:11

3.890

Големина на фонт

а а а

Нигерија одби да го одигра квалификацискиот натпревар против Либија за Африканскиот куп на нации.

Досега забележаа две победи против Бенин и Либија, нерешено против Руанда, моментално се први во групата Д и се блиску до одење во Африканскиот куп на нации. Во вторник требаше да играат против Либија, но во меѓувреме натпреварот беше откажан!

Имено, Нигеријците имале големи проблеми кога пристигнале во Либија, требало да слетаат во Бенгази, но биле пренасочени на аеродром оддалечен три часа и дури тогаш почнале проблемите.

Либиската фудбалска федерација не ги испрати возилата кои требаше да ги превезат играчите до хотелот во Бенгази каде што требаше да престојуваат, па Нигеријците останаа заробени на аеродромот, без храна, интернет или место за спиење.

„Поминавме повеќе од 12 часа на напуштен аеродром во Либија, откако нашиот авион беше пренасочен за време на слетувањето. Либиските власти ни ја укинаа дозволата за слетување во Бенгази без никаква причина.


По слетувањето во Ал Абрак, либиските служби не задржаа на аеродромот без можност за телефонски разговори, јадење или пиење. Сум доживеал вакво нешто пред да играм во Африка, но ова е срамно однесување, дури и туниски пилот никогаш досега не видел вакво нешто“, рече капитенот Вилијам Трост-Еконг на "X".

На крајот сето тоа се протегало на повеќе од 15 часа престој на аеродромот, а ова наводно е дел од одмаздата за третманот што либиските фудбалери го добија во Нигерија пред само неколку дена …



Спонзорирани линкови

Маркетинг