[ФОТО] Се прослави со улогата на ладна мајка во Титаник пред 27 години: На најголемиот холивудски женкар му роди дете, а вака изгледа денес

Точка

12/10/2024

11:30

4.176

Големина на фонт

а а а

Кариерата на Фишер започна во театарот, а играше значајни улоги во сапунската опера „The Edge of Night“, како и во филмот „Unforgiven“ од 1992 година, каде соработуваше со Иствуд.

Френсис Фишер (72), британско-американска актерка се прослави со улогата на строгата мајка на убавата Роуз во филмот „Титаник“ од 1997 година, во кој главните улоги ги толкуваа Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет.


Покрај успехот на екранот, актерката е позната и по врската со Клинт Иствуд со кој ја има ќерката Франческа Иствуд, родена во 1993 година. Франческа исто така тргна по актерските стапки и се појави во филмови како „Jersey Boys“ и „M.F.A.“, а глумеше и во реалити серијата „Mrs. Eastwood & Company“. Таа денес е во врска со тренерот Алекс Врејт со кој има син.


Пред нејзината романса со Клинт Иствуд, Френсис беше во брак со Били Мек Хамилтон, со кого се омажи во 1970 година, кога имаше 18 години, но по две години се разведоа. Тој беше нејзината средношколска љубов.

Кариерата на Фишер започна во театарот, а играше значајни улоги во сапунската опера „The Edge of Night“, како и во филмот „Unforgiven“ од 1992 година, каде соработуваше и со Иствуд.


Со текот на годините, таа изгради значајни пријателства со познати личности како Шер, Џејн Сејмур и Џесика Честејн, и сè уште е активна на филмската сцена, за што сведочи и нејзиното појавување во романтичната комедија „Празник“ во 2020 година.

Деновиве таа го привлече вниманието со своето појавување на премиерата на филмот „The Substance“ во Лос Анџелес.


Долго време беше препознатлива по долгата црвена коса која ја замени со сиви тонови.