[ВИДЕО] Маж од Флорида го пречекал ураганот на брод: Ги одбил сите обиди за помош

Точка

10/10/2024

17:10

3.824

Големина на фонт

а а а

Човекот од Тампа, на социјалните мрежи познат како „поручник Ден“ (според ликот од филмот „Forest Gump“, којшто во филмот како и овој јунак од реалниот живот останал без нога), го пречекал ураганот Милтон на својот брод.

Тој уште пред два дена стана хит на ТикТок откако се појави снимка од него, во којашто објаснува зошто ќе го пречека ураганот на брод и зошто ги одбива понудите за евакуација.

Човекот којшто го направи популарен, Теренс Конканон, вчера потврди дека Ден навистина планира да го пречека ураганот на брод и токму тоа се случи, бродот не го напушти.

@newsnationnow Joseph "Lieutenant Dan" Malinowski (@jaysea331) remains in his boat after #Hurricane #Milton made landfall in #Tampa, #Florida ♬ original sound - NewsNation



„Сите го молевме да го напушти бродот, полицијата, началникот, јас, му понудивме сместување, сè. Тој не сака, возрасен човек е кој може да носи сопствени одлуки“, објасни Теренс.



Веднаш по пристигнувањето на бурата во Тампа, многумина се прашуваа како се снаоѓа Ден (чиешто вистинско име е Џозеф Малинковски), а го посетија новинари од различни ТВ куќи. Ден навистина го пречека ураганот на брод, без поголеми оштетувања.




„Господ ми кажа да дојдам тука и да земам чамец. Дојдов овде и зедов чамец. Во текот на последните два дена ми кажуваше дека ја правам вистинската работа. Тој ме чува, во добра форма сум, ќе го пребродиме ова“, изјави Ден пред доаѓањето на ураганот.

@terrenceconcannon

Lot of people have been commenting this, so thought I would ask him. I have a hotel for him near the Tampa airport, but his is still hesitant on going. There have been many attempts from police to get him out of there, so hoping he makes the right decision and leaves 🙏

♬ original sound - Tampa Terrence



„Најбезбедното место на светот е мојот брод“, потенцираше Ден пред ураганот и велеше дека нема да носи елек за спасување (и навистина не го носеше).

@terrenceconcannon

Dan is live with Adin Ross

♬ original sound - Tampa Terrence






Во меѓувреме, за него беше организирана „crowdfunding“ кампања којашто собра десетици илјади долари, а парите ќе се искористат за купување на нов, современо опремен брод за Ден. Бидејќи тој моментално нема ниту лична карта, ниту сметка во банка, најпрво се обидуваат да му ги обезбедат потребните документи, а потоа ќе ги добие и парите и можноста за поинаков живот.



Инаку Ден и ураганот „Хелена“ го пречека на својот брод, а и тогаш на ТикТок се споделуваа информации за него и неговата состојба.