Германската драма „Елаха“ во кината од 10 октомври

Точка

10/10/2024

12:19

239

Големина на фонт

а а а

Германскиот дебитанстки филм „Елаха“ на режисерката Милена Абојан ќе има премиера денеска (10 октомври 2024) во киното „Милениум“ од 20.30 часот и Кинотеката во Скопје од 18 часот. По премиерата во Скопје, филмот ќе биде прикажан во повеќе градови низ републиката.

„Елаха“ е моќна и емотивна приказна која обработува длабоки и актуелни теми и поставува важни прашања за идентитетот и правото на жени да управуваат со своите тела и живот. Ова е прв долгометражен филм на режисерката, кој веќе доби значајно признание на меѓународните фестивали, вклучувајќи Берлинале 2023, каде што се прикажуваше во секцијата Perspektive deutsches Kino. Покрај тоа што ја претставува Милена Абојан како нов глас во светот на филмот, „Елаха“ добива внимание од меѓународната критика поради својата извонредна уметничка вредност и впечатливиот наратив.


Во фокусот на филмот е 22-годишната Елаха, која се соочува со притисокот на традицијата и општествените очекувања во врска со нејзината девственост пред свадбата. Во обид да најде решение, се обраќа на пластичен хирург, но високите трошоци ја спречуваат да направи операција. Додека бара поевтина алтернатива, открива капсула со вештачка крв, која ѝ изгледа како решение. Но, она што на почетокот изгледа како спас, на крајот ја води во опасен пат на самопонижување и експлоатација.

Дистрибутер на филмот е Катавеј од Скопје, а дистрибуцијата е поддржана од German Films.



Спонзорирани линкови

Маркетинг