Ван Бастен за засилувањето на Јунајтед: Не вреди ниту една четвртина од таа сума

Дерби

10/10/2024

11:29

2.119

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед предводен од Ерик Тен Хаг постојано е мета на критики од англиската стручна јавност, навивачите поради играта и резултатите кои се далеку од нивото на великанот од „Олд Трафорд“.

Секоја сезона како да се повторува истата приказна, па и во актуелнава стартот е далеку посакуван како во Премиер лигата така и во Лига Европа каде „црвените ѓаволи“ освоија само два од вкупно шест бода на соочувањата со Твенте и Порто.

Повторно се говори и за засилувањата кои беа доведени и колку се тие погодени, вистински за Јунајтед, а легендарниот Марко Ван Бастен имаше што да каже за еден од нив - Мануел Угарте.

- Сега и последниот, Угарте кој чинеше 50 милиони фунти, си помисувате, „како воопшто можете да платите толку многу пари за тоа?“ Тоа е навистина бизарно, - рече Холанѓанецот на кого му беше посочено дека него познава добро Уругваецот, поточно да му даде време.

- Не, но веќе можев да видам на тој натпревар дека тој не вреди ниту една четвртина од таа сума.

- Вистина е дека големите клубови, Реал Мадрид, Барселона, Пари Сен Жермен, Манчестер Сити, Арсенал, ги добиваат подобрите и тој секогаш доаѓа со играчи од втор ред. Тој тим не е подобар. Тој (Тен Хаг) останува добар тренер, но ако ја видите политиката за купување и оние момчиња кои потоа беа донесени за 700 милиони, не гледам никаков поврат од тоа, тие се уште се слабо организирани.

- Ниту една ѕвезда која води и организира, ниту една. Пред неколку години Маркус Рашфорд беше одличен играч, тој не може повеќе да направи ништо за ова, тоа е неверојатно. Чудно е за тоа момче кое беше светска ѕвезда пред неколку години, - порача Ван Бастен за „Ziggo Sport“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг