[ВИДЕО] Водата носи сè пред себе, се заканува тотално уништување! Страшна симулација од ураганот кој оди кон Флорида: „Ваква катастрофа не е видена 100 години!“

Точка

09/10/2024

16:13

20.447

Големина на фонт

а а а

Ураганот Милтон најверојатно ќе удри на Флорида доцна во среда навечер, каде се очекуваат катаклизмични поплави и бури. За да покажат како всушност може да изгледа влијанието на ураганот Милтон, метеоролозите создадоа симулации на бурата што сега и се заканува на Флорида.

На социјалните мрежи беше објавена симулација на поплава за да се илустрира колку оваа бура може да биде смртоносна.

Се очекува ураганот Милтон да предизвика бранови високи неколку метри.

Бранот носи се пред себе

Една од симулациите покажува како водата прво го достигнува нивото на паркираните автомобили, па куќи, а потоа и дрвјата кои се кршат од силниот ветер.

Во 2020 година беше направена уште една симулација, а целта беше да се подготви Тампа, Флорида за можен ураган од петта категорија, каков што е Милтон.

Проектот "Феникс" беше објавен во 2020 година и комбинираше временски извештаи и архивирани снимки од други урагани за да укаже на ризикот од можен ураган од петта категорија да ја погоди областа.

Можно е незамисливо уништување во заливот Тампа

Проектот „Феникс“ предвиде дека ураганот од петта категорија во Тампа ќе предизвика повеќе од 160 смртни случаи. Постои сомнеж дека може да исчезнат до 30.000 луѓе, а ураганот може да предизвика штета од 200 милијарди долари.

„Пустошењето во овој регион е речиси незамисливо“ се наведува во проектот „Феникс“.

Застрашувачките сцени користени во симулацијата го покажуваат центарот на градот под вода, со автомобили и остатоци кои пловат наоколу. Сите мостови се отсечени од невремето.

Симулацијата завршува следниот ден, прикажувајќи го пустошот што го оставила бурата: уништени плажи, болници, деловни обејекти и домови.

Последен пат ураган со оваа јачина го погоди заливот Тампа во 1921 година. Градот тогаш беше заспана провинција од неколку стотици илјади луѓе. Сега, Тампа е една од најбрзо растечките метрополи во САД, со повеќе од три милиони жители и е многу ранлива на поплави поради климатските промени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг