Николоски на средба со европратеници: Европската перспектива останува стратешки приоритет за Македонија

Макфакс

25/09/2026

14:00

132

Големина на фонт

а а а

Александар Николоски, заменик претседател на Владата, оствари средба со европратеници каде што разговараа за европската интеграција на Македонија, реформите и важноста на континуиран дијалог со институциите на Европската Унија како стратешки приоритет за земјата.

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со членови на Европскиот Парламент во рамки на 25- состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска Унија.

Фокусот на разговорите беа европската интеграција на земјата, реформскиот процес и чекорите што претстојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

На средбата беше разговарано за актуелните состојби и напредокот на Македонија во исполнувањето на обврските, како и за значењето на продолжувањето на реформите во клучните области поврзани со процесот на пристапување кон ЕУ.

Заменик претседателот Никolosки информираше за конкретните активности што ги презема Владата во насока на унапредување на реформите, зајакнување на институциите и создавање услови за забрзување на европейската интеграција.

На средбата беше истакната важноста од континуираниот дијалог со институциите на Европската Унија, како значаен партнер на Македонија во процесот на приближување кон европското семејство.

На средбата беше нотирано дека европската перспектива останува стратешки приоритет за државата, а продолжувањето на отворениот дијалог со европските институции е од особено значење за понатамошниот напредок на земјата.

Средбата претставуваше можност за размена на ставови за актуелните прашања, предизвиците и идните чекори во процесот на европската интеграција.