Исфрлена сцената во која Лејди Гага бакнува жена во новиот „Joker“, гледачите велат: Лоша одлука

Точка

09/10/2024

10:14

2.835

Големина на фонт

а а а

Во филмот „Јоker: Folie à Deux“ требаше да се прикаже сцена во која Лејди Гага бакнува друга жена, но според одлуката на режисерот на филмот, Тод Филипс тој дел е исфрлен од конечната верзија на филмот. Продолжението на филмот „Joker“ беше за прв пат прикажано на четврти октомври, и го прикажува Артур Флек (Џоакин Феникс) како пациент во установа за ментално здравје по настаните од првиот филм, а Флек („Joker“) се вљубува во Харлин Ли Куинзел (Лејди Гага).

Ја објасни својата одлука

Филипс потврди дека Гага ја импровизирала сцената на бакнување, но сметал дека таа сцена морала да биде исфрлена со цел да му помогне на текот на филмот.

„Сакав тоа повеќе да биде момент на музиката и уживањето. Доколку се случеше тој момент, ќе требаше да има дијалог по него. Што значи дека жената нешто ќе кажеше, а потоа Гага би застанала пред неа и би ја бакнала, а тоа едноставно би го попречило текот на филмот“, вели Филипс.

Одредени обожаватели на филмот не се воодушевени од овој потег и сметаат дека тоа е најлошата одлука.

„Има толку многу непотребни сцени во филмот, но ајде да ја исфрлиме Гага која се обидува да ја изрази бисексуалноста на Харлин и карактерот. Таа подобро го разбира ликот од него“, коментираше еден гледач.