Оваа апликација „јаде“ најмногу мобилен интернет: "Google Maps" е само на шестото место

Точка

08/10/2024

23:33

13.715

Големина на фонт

а а а

Сајтот "Holafly" ги идентификуваше апликациите кои трошат најмногу интернет податоци. Како што истакнуваат, за тестирање ја користеле апликацијата "My Data Manager", а тестот е направен на еден "iPhone" и еден "Android" телефон – "iPhone 15 Pro Max" и "Xiaomi Redmi 9".

"YouTube" е апликацијата која „јаде“ најмногу интернет податоци, а потрошила 193 MB за време на пет минути нормално користење. "Snapchat" користи 101 MB податоци на секои пет минути, што е најмногу за која било од популарните апликации за социјални медиуми.


"Safari" користи 56 MP на секои пет минути и е најизискувачка апликација во сегментот на мобилни интернет прелистувачи.


Конечно, апликацијата за мапи "AllTrails" троши најмногу податоци (155 MB на секои пет минути) меѓу популарните апликации за патување.


Не може да се игнорира ниту потрошувачката на апликации како "Uber" и "Google Maps". Најновате информации за мапите и сообраќајот постојано се преземаат за време на употребата, што резултира со голема потрошувачка на податоци. Така, "Uber" троши 102 MB за пет минути, додека "Google Maps" троши 87 MB.