Темнината и гламурот на холивудската дива: Ќерката вели дека била вештерка, а едниот сопруг наводно го убила

Точка

08/10/2024

18:02

3.742

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Бети Дејвис го обележа „златниот период“, а најголемата популарност ја стекна во текот на триесеттите и четириесетите години од минатиот век.

Прекарот на Бети, „кралицата на Холивудот“, е резултат на тоа што Бети отсекогаш ги одбирала улогите на силни жени кои се соочувале со бројни предизвици. Иако се чинеше дека таа имале совршен живот, сепак на љубовен план тоа не било така.

Бети се мажела четири пати, а секој нов брак ѝ создавал дополнително страдање и болка.


Првиот сопруг, Хармон Нелсон, не можел да го прифати фактот дека Бети заработувала многу повеќе од него и нејзината посветеност кон кариерата, додека Бети во текот на бракот со него повеќе пати ја прекинувала бременоста. На крајот сè се завршило со развод.

Набргу потоа, Бети се омажила за Артур Фарнсворт, но таа љубов завршила трагично. Тој починал во 1943 година поради повреди на главата, за кои се сомнева дека токму Бети му ги нанела. Таа подоцна раскажала дека тој паднал по скалите, меѓутоа многумина не ѝ поверуваа.

Третиот сопруг на Бети, Вилијам Грант Шери, раскажал дека Бети дури ѝ му признала дека го убила претходниот сопруг, а нивниот турбулентен однос исто така се завршил брзо со развод. Во овој брак со Шери, Бети ја добила ќерката Барбара.


Четвртиот брак на Бети, бил можеби и најтежок за неа. Тоа беше бракот со Гери Мерил, нејзиниот партнер од филмот „All About Eve“, а тие двајца во текот на бракот посвоиле две деца, меѓутоа тоа не е сè.


Имено, ќерката на Бети, Барбара тврди дека таа била вештерка, а сè уште останува нејасно дали Бети само посакувала еден таков бизарен маркетинг во моментот кога ѝ опаднала популарноста.

„Веројатно ќе беше запалена како вештерка, доколку живееше пред 200 или 300 години, бидејќи остава впечаток дека во нејзе се крие некоја невообичаена сила“, изјави филмскиот критичар, Арнот Робертсон, уште во 1935 година.

Исто така, Барбара никогаш не се откажувала од приказната дека нејзината мајка била вештерка, а во една прилика ги раскажала и деталите од своето детство.


„Тоа се случуваше со години. Мајка ми практикуваше окултни дејствија. Нејзината родена мајка велеше дека од првиот ден на нејзиниот живот таа била злобна. Го сакаше сето она кое е злобно и го мразеше доброто, нежното и убавото. Ги уништи животите на многумина ѝ им нанесе болка на многу луѓе. Сето ова звучи смешно додека не ги погледнете работите од христијанска перспектива“, изјави Барбара.


Според тврдењата, Бети поседувала бела канта, во којашто ја фрлала облеката на оние луѓе кои нешто ѝ згрешиле, а потоа ја палела облеката изговарајќи одредени зборови.

Покрај сè, Бети остави голема трага во светот на филмот, поради својот препознатлив став и актерство, а нејзиниот живот и понатаму ги интригира многумина и по повеќе од 30 години од нејзината смрт.