[ФОТО] Во пустина изградена куќа од контејнер за филмски продуцент

Точка

07/10/2024

18:26

6.045

Големина на фонт

а а а

Бродските контејнери го сменија светот кога станува збор за прекуграничната, меѓународна трговија, а сега добиваат нова улога во архитектурата.

И покрај тоа што на почетокот беа користени како „поедноставни и поевтини“ решенија за изградба на куќи, денес транспортните контејнери сè почесто можат да се видат и во луксузни изданија, па така работата на архитектот Џејмс Витакер, основачот на компанијата „Витакер Студио“ во Лондон го привлече вниманието на јавноста.


Куќа изработена од бели транспортни контејнери кои извираат од централната точка, и сето тоа во пустина, а куќата е изградена за филмскиот продуцент Крис Хенли, познат по филмовите „American Psycho“, „Buffalo ’66“ и др.

Куќа на нерамна површина

Сместена е на парцела од 36,4 хектари нерамен терен во Националниот парк „Џошуа Три“ во Калифорнија. Внатрешноста на куќата има 200 метри квадратни и го носи називот „Џошуа Три Резиденс“. Опфаќа три спални соби, секоја со сопствена бања, дневна соба и кујна.

Од компанијата велат дека проектот настанал сосем случајно, кога Витакер го посетиле пријатели со кои заедно бил на излет во пустина.


Идејата се појавила случајно

„Додека бевме таму, помеѓу сите пејзажи и карпи, една пријателка, пред да го отвори својот лаптоп и на сите да нѝ ја покаже сликата која ја видела на интернет, рече: „дали знаете што би изгледало прекрасно овде“. На нејзиниот лаптоп беше фотографијата од канцеларија која јас ја дизајнирав пред неколку години, но таа никогаш не беше изградена“, изјави Витакер за Форбс.


Витакер додаде дека идејата за дизајнот настанала уште во 2010 година, кога еден пријател го замолил да дизајнира канцеларија за старт – ап маркетинг агенција, но таа агенција никогаш не оживеала.


„Кога ме контактираше мојот клиент и кога почнав да го анализирам пејзажот на локацијата во Џошуа Три, почувствував дека тоа е совршеното место за оживување на овој дизајн“,објасни Витакер.


„Клиентот е филмски продуцент со искуство во водење на креативни проекти до нивната реализација, на многу начини тој беше соработник од соништата“, додаде Витакер.


Зад куќата се наоѓа дрвена тераса со џакузи, а внатрешноста и надворешноста на куќата се обоени во бело. Сето тоа со идеја сончевата светлина да се рефлектира и да се намалат високите температури кои се карактеристични за пустината, а на гаражата која се наоѓа во близина поставени се соларни панели кои куќата ќе ја снабдуваат со потребната енергија.