[ФОТО] „Заедно до крај“: Сопружници беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица

Макфакс

07/10/2024

09:31

5.990

Големина на фонт

а а а

Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи.

Тешка е ситуацијата во неколку градови во БиХ, но убедливо најтешка е во Јабланица.

Во екот на разорните поплави што ја погодија БиХ, особено е потресна приказната за брачната двојка Ирмела и Јасмин Чилиќ, чии тела прегрнати ги пронашле спасувачите под урнатините во Јабланица.

Ovo su Irmela i Jasmin, mladi bračni par koji je zagrljen pronađen ispod ruševina u Jablanici

Posted by Volim te on Sunday, October 6, 2024

Тие останале еден со друг до крај, но за жал не можеле да се извлечат. Биле познати во нивната заедница како топли и грижливи луѓе, а нивната љубов и поврзаност послужија како инспирација за многу луѓе.