Макрон вели „доста е“, Францускиот претседател против испорака на оружје за Израел

Точка

06/10/2024

09:15

1.094

Големина на фонт

а а а

Емануел Макрон сака да ја запре испораката на оружје

Францускиот претседател Емануел Макрон повика да се запре испораката на оружје за Израел што се користи во конфликтот во Газа.


- Мислам дека денеска приоритет е да се вратиме на политичко решение, да престанеме да снабдуваме оружје за борба во Газа. Франција не испорачува ништо – рече тој за време на специјалната програма на радио „Франс Интер“ посветена на Франкофонијата.

Францускиот претседател изрази жалење што ситуацијата во Газа не се смирува и покрај сите дипломатски напори направени за постигнување прекин на огнот, особено со Израел.


По започнувањето на израелската операција против проиранското исламистичко движење Хезболах во Либан, Емануел Макрон потсети и дека „приоритет е да се избегне ескалација“.

– Либанскиот народ не може да биде жртвуван за возврат и Либан не може да стане новата Газа – инсистираше Макрон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг