Возачот кој што во ауди шверцувал марихуана се исплашил од полицијата, бегал, но го фатиле

Макфакс

05/10/2024

13:46

353

Големина на фонт

а а а

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од струшко Калишта за кого постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.


„Осомничениот, на 4 октомври, во близина на Сопотница, со автомобил „ауди” не застанал на даден знак – стоп од полициски службеници од Демир Хисар кои вршеле сообраќајна контрола на возила и возачи. Со голема брзина се упатил кон крстосницата за Крушево, застанал на коловозот, излегол од возилото и започнал да изнесува наркотична дрога од возилото покрај патот. Полицајците го затекнале и од него одзеле околу 51 килограм наркотична дрога марихуана спакувана во повеќе пакувања“, соопшти Јавното обвинителство.

За истото кривично дело, Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против скопјанец во чиј автомобил, на граничниот премин Блаце при влез во земјава, биле откриени околу 36,5 килограми издробени вршунки од канабис спакувани во четири големи куфери.

За двајцата осомничени надлежните јавни обвинители доставија предлози за определување мерка притвор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг