Алпите на јужна Србија: Недопрено царство на природата, дивина далеку од градскиот метеж

Точка

04/10/2024

18:32

26.046

Големина на фонт

а а а

Сувата планина е еден од ретките скриени богатства на југоисточна Србија, која изгледа како недопрено царство на природата. Овој импозантен планински масив, познат по своите стрмни карпи и остри врвови, особено се истакнува со својот врв „Трем“, чиешто „освојување“ претставува предизвик дури и за искусните планинари подготвени за авантура.

Природата на Сува планина маѓепсува со својата убавина но и суровост. Низата од камени патеки кои се преплетуваат со густите шуми, ливади прекриени со диво цвеќе и скриени извори. Во пролет и лето, планината се претвора во шарена ливада, додека во есен доминираат златни и црвени тонови, создавајќи поглед кој потсетува на уметничко дело.


Дивиот свет на планината е особено богат, со разновидни птици, срни и други шумски животни кои слободно се движат низ планината.

На планината владеат мирот и тишината, а посетителите можат да ја почувствуваат вистинската оддалеченост и отсеченост од урбаниот свет. Оваа дестинација е рај за љубителите на планинарењето, природата и тишината – место каде можете да се изгубите во дивината пронаоѓајќи го внатрешниот мир, далеку од вревата на секојдневниот живот.


Качувањето до врвот „Трем“ не е воопшто лесно, но погледот од врвот вреди за секој направен чекор и воздишка.


Местото за излет – Бојанини води нуди освежување во вид на ладни, планински извори, и претставува идеално место за одмор по долгите прошетки, а во близина се наоѓаат и неколку пешачки патеки кои водат низ шумата кон повисоките делови од планината.


Клисурата Јелашник, којашто се протега на северната страна од планината, претставува вистинска за оние кои уживаат во планинарењето и истражувањето на недопрените пејзажи. Клисурата е богата со разновидни растенија и животински свет, а патеките кои се протегаат низ неа нудат незаборавно искуство во дивата природа. Тука може да се ужива и во качувањето по карпите, што е дополнителна атракција за љубителите на адреналинот, но и уште еден показател дека „освојувањето“ на Сувата планина е навистина голем предизвик.


Јован Ќириќ, српскиот географ, ја нарече Сувата планина „Алпите на јужна Србија“, поради нејзиниот специфичен релјеф и импресивен изглед којшто потсетува на алпските планини. И покрај тоа што е релативно ниска во споредба со Алпите, Сувата планина има стрмни карпи, остри гребени и длабоки клисури, кои ѝ даваат драматичен и суров изглед карактеристичен за високите планински масиви.