Јаник Синер за допинг скандалот: Уверен сум дека случајот ќе се реши позитивно

Точка

04/10/2024

14:00

403

Големина на фонт

а а а

Светскиот рекет број 1 Јаник Синер ќе ја започне својата кампања за Мастерс во Шангај во сабота кога ќе се соочи со Таро Даниел. Пред да го одигра првиот натпревар, Синер зборуваше за неговиот случај со допинг, чија одлука беше обжалена од Светската анти-допинг агенција (ВАДА)

Допинг-комисијата на АТП реши да го помилува Италијанецот оценувајќи дека позитивниот допинг тест се должел на случајни и ненамерни околности, но светската антидопинг комисија (ВАДА) реши да поднесе жалба на ваквата одлука, враќајќи го случајот на повторно одлучување.




Минатата недела ВАДА одлучи да побара од Судот за спортска арбитража Синер (23) да биде казнет затоа што бил позитивен на тестот за супстанцата клостебол за време на Индијан Велс и да биде суспендиран од една до две години.


На денешната прес-конференција во Шангај Синер изјави дека е уверен дека неговиот случај ќе биде позитивно решен и покрај жалбата на Светската антидопинг агенција (ВАДА) која бара негова суспензија.


„Малку бев изненаден од жалбата на ВАДА, но од друга страна знаев дека тоа може да се случи.“


Италијанецот не крие дека е оптимист.


„Многу сум уверен дека случајот ќе се реши позитивно, во моја корист. Имав три рочишта и сите трите рочишта поминаа добро до крај. Но, сега да видиме. Јас сум многу уверен дека ќе има позитивен исход. Би бил многу, многу изненаден ако се случи спротивното.“, заклучи Синер па продолжи: „Ова е многу деликатна ситуација, воопшто не ми се допаѓа. Сакам само да повторам дека не направив ништо лошо. Многу сум разочаран што повторно сум во истата ситуација и знам дека нема да биде полесно како што ќе одминува времето. Се што ми останува е да останам сконцентрирам кога сум на теренот и да играм најдобро што знам, добро е што ја имам поддршката на луѓето околу мене“, изјави Синер.




На Мастерсот во Шангај, Италијанецот ќе се обиде да стане првиот тенисер по Рафаел Надал во 2018 година кој освоил три Мастерс турнири од серијата 1000 во една година. Оваа сезона Синер ги освои двата Мастерс турнири во САД, во Мајами и Синсинати.


Во првото коло на Мастерсот во Шангај противник на Синер ќе биде Јапонецот Таро Даниел.




Спонзорирани линкови

Маркетинг