[ВИДЕО] Фудбалер фрли петарда меѓу новинарите, настана хаос: „Ова никогаш не сум го доживеала“

Точка

04/10/2024

10:13

1.321

Големина на фонт

а а а

Приказната набрзо стана вирална на социјалните мрежи, а Алварадо ја презеде одговорноста за шегата и се извини. Тој рече дека немал намера да фрли петарда во прес-салата, туку да се пошегува со соиграчите

Шегата со петарда на крилниот напаѓач на мексикански Чивас, Роберто Алварадо (26) на клупската прес-конференција го предизвика револтот кај мексиканските новинари кои го оценија неговиот потег како несоодветен и во знак на протест ја напуштија прес-конференцијата. Алварадо наводно сакал да се пошегува фрлајќи петарда во прес-салата. Сепак, петардата погоди еден од камерманите во ногата.

„Неверојатно што се случи денес во Чивас. За речиси 15 години известување за тимот, ова никогаш не се случило. Тоа не беше шега“, напиша новинарката Карина Херера на социјалната платформа "Х".

Приказната набрзо стана вирална на социјалните мрежи, а Алварадо ја презеде одговорноста за шегата и се извини. Тој рече дека немал намера да фрли петарда во прес-салата, туку да се пошегува со соиграчите.

По експлозијата на петардата, новинарите ја напуштиле просторијата, но дел од нив подоцна се вратиле за да продолжат со договорените активности. Сепак, сите остро ја осудија постапката на играчот.

Тренер на Чивас е поранешниот аргентински играч за врска Фернандо Гаго, кој во последно време се поврзува со Бока Јуниорс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг