Виландер: Ѓоковиќ е посебно човечко суштество, но може ли да биде добар…

Дерби

04/10/2024

19:44

698

Големина на фонт

а а а

Тениската легенда, Матс Виландер постојано е активен како аналитичар, коментатор на сите случувања во светот на белиот спорт каде Новак Ѓоковиќ и понатаму е број еден иако официјално не е така ако се погледне АТП листата.

Меѓутоа поради се што има направено во кариерата и се што прави Србинот е во фокусот на вниманието пред настапот во Шангај.

-Новак Ѓоковиќ е посебно човечко суштество. Ние тоа го знаеме. Тој има желба да излезе таму, да се обидува да победи, на големи, мали турнири, да игра Дејвис куп, тоа е апсолутно неверојатно. Импресивно е што работи толку напорно.

-Мислам дека начинот на живот на напуштање на професионалниот тенис е делот што најмногу ми недостасува. Не победи, порази, натпреварувања, туку да се биде на турот и да тренираш со најдобрите играчи во светот на централниот терен на Шангај, Ролан Гарос.

-Може ли да биде добар на грен слемови без да игра толку турнири? Може ли да биде добар на грен слем турнирите ако оди во Шангај со чувство дека таму не е важно? Кога ќе почне да губи од број еден, два, три во светот, но и момци кои се 10-ти или 20-ти во светот, неговата самодоверба ќе биде погодена, додека другите ќе растат, -вели Виландер.

Ноле во моментов е на четвртата позиција на АТП листата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг