Зеленски, Папата Фрањо, Антонио Гутереш: Кој ќе ја освои овогодишната Нобелова награда за мир?

Точка

03/10/2024

20:30

2.126

Големина на фонт

а а а

Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци („UNRWA“), Меѓународниот суд на правдата и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш се помеѓу фаворитите за освојување на Нобеловата награда за мир за 2024 година – одбележана со војните во Газа и Украина, оценуваат европските експерти во изјави за „Ројтерс“.

Норвешкиот Нобелов комитет, имајќи ги предвид претходните одлуки, способен е да направи целосно изненадување на 11 октомври, денот кога традиционално се објавува добитникот на Нобеловата награда за мир, меѓутоа не се исклучува можноста комитетот да не ја додели наградата за оваа година.


Како фаворит за освојување на наградата се сметаше рускиот опозиционер, Алексеј Навални, кој почина во затворската колонија на Арктикот во ноември, меѓутоа тој не може да ја добие наградата постхумно.

Исто така помеѓу за фаворит се смета и украинскиот претседател, Володимир Зеленски, но мала е веројатноста дека тој би можел да биде лауреатот, бидејќи е лидер на нација која е во војна.


Меѓутоа Нобеловиот комитет овој пат, би можел да се фокусира врз актерите кои им помагаат на цивилите во текот на нивното страдање.

Директорот на институтот за истражување на мирот во Осло, Хенрик Урдал, изјави за „Ројтерс“, дека „UNRWA“ би можела да биде еден таков кандидат, со оглед на тоа дека прави особено важна работа за палестинските цивили кои се соочуваат со последиците од војната во Газа.


Од друга страна, доделувањето на наградата на „UNRWA“ би можело да биде контроверзно, имајќи ги предвид израелските обвинувања дека поединечни членови на оваа агенција учествувале во нападите врз Израел од седми октомври кои ги спроведе милитантната група Хамас, а кои и беа повод за војната во Газа. Исто така поединечни земји го стопираа финансирањето на „UNRWA“, како резултат на овие обвиненија, но во меѓувреме поголем број од донаторите се обновени.

Внатрешната истрага на ОН, утврди дека девет членови од персоналот на оваа агенција биле вмешани во нападите на Хамас, и им беа врачени откази.


Инаку, „UNRWA“ го обвинува Израел дека се обидува да ја растури оваа агенција, која беше основана во 1949 година, а им нуди хуманитарна помош на милиони Палестинци во појасот Газа, на Западниот брег, во Јордан, Сирија и Либан.

„Петчлениот Нобелов комитет, којшто го именува норвешкиот парламент, при донесувањето на одлуката би можел да се фокусира и врз потребата од јакнење на меѓународниот светски поредок, воспоставен по Втората светска војна и неговата врховна институција – ОН, што би значело дека Нобеловата награда за мир би можел да ја освои Гутереш, самостојно или заедно со највисокиот суд на ОН – Меѓународниот суд на правдата“, изјави за „Ројтерс“, историчарот Асле Свен, кој со години ја проучува Нобеловата награда за мир.


Но од друга страна, Нобеловиот комитет би можел да одлучи воопшто да не ја додели наградта оваа година, а тоа досега се случило веќе 19 пати, последниот пат во 1972 година.

„Можеби оваа година, Нобеловиот комитет би можел едноставно да се воздржи од доделување на наградата и да го сврти вниманието врз фактот дека ова е завојувана планета“, изјави раководителот на Институтот за истражување на мирот во Стокхолм, Ден Смит.

Номинациите за Нобеловата награда за мир се тајна веќе 50 години, но оние кои номинуваат можат и да одлучат да објават кого предложиле.


Помеѓу номинациите кои се веќе познати се: Агенцијата на ОН за палестински бегалци („UNRWA“), папата Фрањо и британскиот историчар на природата и борецот за заштита на дивата природа, Дејвид Атенборо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг