Мицкоски по најавите за протести од ДУИ: Доколку од мирни и демократски, преминат во насилство, ние мораме да ги одбраниме институциите

Макфакс

03/10/2024

15:04

218

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека омекнала реториката на ДУИ, која сега најавува протести откога првичните обиди за дестабилизација ѝ биле очигледно осуетени. Мирни протести, според Мицкоски, се демократска алатка и никој не е против, но доколку станат насилни, Владата мора да ги брани институциите.

„Сè додека овие протести се мирни и демократски, ние немаме против. Тоа е убавината на демкратијата, да имаме мислења што се разликуваат. Ние не можеме да имаме исти мислења за сè. Но, доколку тие протести од мирни и демократски, преминат во насилство, тогаш ние мораме да ги одбраниме институциите. Тоа е нормално и очекувано од една Влада, не треба да бидеме изненадени. Ајде да видиме во периодот што следува како ќе се одвиваат работите, па ќе ги коментираме“, рече денес премиерот Мицкоски одговарајќи на нивнарски прашања по промоцијата на апаратот за магнетна резонанција во Поликлиниката „Идадија“.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како дел од коалицијата „Европски фронт“, организира посебна прес-конференција со наслов „100 дена скандали, потфрлања, омаловажувања“, на која главен акцент стави на непочитувањето на основните права на Албанците и најави дека како коалиција нема да ја дестабилизираат земјата, туку дека ќе организираат протести, кои се демократско право.



Спонзорирани линкови

Маркетинг